Погрешната употреба на боците со кислород може да биде кобна за ковид болните
Во очајната борба за што поуспешно справување со пандемијата на коронавирусот –на секој агол се води борба за здив.Со секавичното ширење на опасниот вирус болниците во нашата држава трошеа енормни количини кослород.
“Имаше периоди кога за 24 часа се трошеа и по 60 боци кислород,тоа е околу 6.000 литри кослород што е преголема потрошувачка,ако се спореди со периодот пред пандемијата кога на инфективното одделение се трошеше по 1до 2 боци во текот на целата година- посочувајќи го примерот на охридската општа болница,раскажува Горан Балев, единствениот македонски лиценциран лекар, специјалист за подводна и хипербарична медицина.
Освен хируршките, останатите одделенија во болниците не беа приклучени на базните станици за кислород бидејќи никогаш и нити една земја до сега не се сочила со здравствена пандемија од вакви размери,никој не можеше,нити може да предвиди што ќе се случи. Во таа битка за здив,се случуваше пациенти во одредени болници сами да се поврзуваат на една кислородна боца.
- Тоа е и те како опасно, точно се знае една боца еден редуктор, една маска, еден пациент.Сите тие бајпасеви, префрлања, тоа не се ни атестирани, ни препарати кои што се дозволени за употреба.Може да се направи инфекција, не можете тој дел да го стерилизирате така да се знае точно колку маски колку проток и кој одредува колкаво е количество на кислород што добива пациентот-вели д-р Горан Балев.
На почетокот на пандемијата постоеше страв кај медицинскиоит персонал кој никогаш претходно не се сретнал со кислородни боци и потреба од ракување со нив за што се наметна потреба од новни обучување, вели Балев. Во услови кога инфективното одделение се полнеше со пациенти, самиот го менував боците,а на во неколку наврати ми помогнаа и нуркачите-додава тој
- Па во 4-5 случаеви ги корстев и дел од нуркачите кои на доброволна основа, без страв влегуваа на инфективното одделение, ќе ги немастеа.Првите предавања беа со боца од нуркачите каде што им објаснував како се приклучува, колку да ги затегне редукторот да нема истекување на кислород.Кислородот е опасен може да предизвика експлозија, може да направи многу несакани последици.Имавме на почетокот преголема загуба на кислород затоа што и самиот медициски персонал борејќи се со оваа болест сметаше дека ако се зголеми протокот на кислород на самиот редуктор дека подобро ќе се оксигенира пациентот, што апсолутно не беше точно-рече д-р Горан Балев.
На почетокот не можевме иамвме недостаток од редуктори,бидејќи во Македонија не се произведуваат,но со донации и максинална ангажираност на целиот град, луѓето ни помогна да се надмине и тој проблем и да се спасат што повеќе животи-раскажува Балев.Тој апелира до жителите посебно во струшко кои сами по разни канали набавувале кислородни боци, да не изигруваат лекари затоа што кислородот е лек, но може да биде и отров.
Росица Голабоска