Погрешна стратегија за ковид центри ?! Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза нема доволно кислородни боци, хаос и на неврологија

Условите се лоши за нас – за пацинетите уште полоши. Животите на оние кои се хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза висат на конец.  Немаме доволно кислородни боци. Вака за Алфа сведочи вработен во Инстутот, која поради страв да не го загуби своето работно место зборува анонимно. Идентитетот е познат на редакцијата на Алфа. Откако Институтот е претворен во ковид центар вработените кубурат со заштитна опрема. Еден скафандер носеле и по неколку дена.

“Хигиената ни е на нула. Заштитните опреми ги штедиме ни велат дека нема доволно. Тешко им е и на пацинетите, условите се лоши за нас за нив се уште полоши. Апарати за кислород имаме многу малку, а пацинети има многу повеќе на кои што ќе им биде потребна. Раководствто си крева раменици за тоа како да постапиме ни велат да се снаоѓаме сами. Ние се плашиме многу.” – сведочи за Алфа еден од вработените на клиниката.

Во моментов во ковид центарот во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза хоспитализирани се 30-тина пацинети.

“Условите од кога постои Институтот се исти, ништо не е сменето. Имаме само десет концентратори тие се апарати за кислород друго ништо немаме а на пацинтите им треба многу повеќе.” – сведочи  медицинскиот персонал од Институтот.

И на Клиниката за Неврологија врие. Д-р Арбен Таравари алармира дека здравствените власти немаат никаква стратегија за организирање на распоредот на ковид центрите.

“Комисијата за заразни болести и министерот за жал немаат стратегија.Не знаат што прават.Тие носат одлуки преку ноќ.Утре очекувам кардиологија да кажат дека ќе биде ковид центар.” – вели Арбен Таравари – специјалист невролог.

На удар не се само овие две Клиники. Хаотично е и во детската болница Козле која  исто така ковид центар.Неодамна педијатрите алармираа за мобинг врз нив и за лошите услови за работа.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста