Погребите ризик за ширење на коронавирусот, капелата во Тетово пак,никако да проработи

Капелата во Тетово и после половина година,откако беше предадена за употреба на комуналното претпријатие, сеуште не профункционира. Во услови на пандемија, кога треба да се избегнуваат семејни собири,православните верници и натаму своите покојни ги чуваат дома до погребување.А токму погребите периодов беа посочени од епидемиолозите како ризик за ширење на вирусот.Во раководството велат,оти имало технички пропусти и грешки во нејзината изградба,но без одговор зошто сеуште се чека тие да се средат.

Раководител на сектор православни гробишта Минатата недела од надзорот најдоа забелешки,ни беше посочено дека комората мора да се замени..Да,побезбедно би било сигурно овде да се носат починатите, но не знам, веројатно брзо ќе биде ова со замена на комората..вели Гоце Новески.

И граѓаните се лути што прво, со години чекаа да се изгради, а сега, надлежните повторно го одолговлекуваат нејзиното профункционирање.

Потребата за капела во Тетово се наметна уште одамна,а нејзината изградба се чекаше со години.Освен поправка на грешките, капелата треба и да се уреди внатре, а потоа и да се вработат луѓе.Но,кога сето ова ќе заврши и конечно ќе почне да работи ,во раководството се без одговор.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста