Погребан владиката Тимотеј

Погребан владиката Тимотеј

Знамињата во Охрид се спуштени на половина копје,во духовниот центар во кој пред повеќе од половина век беше прогласена афтокефалноста на МПЦ, денеска е ден на жалост поради смртта на владинката Тимотеј.Тој половина од својот живот беше митрополит на дебарско-кичевската епархија.

МПЦ се прости со еден од најзначајни личности во своите редови,неуморен гласноговорник со огромни заложби во раководењето не само на неговата епархија,туку воошто на МПЦ Охридска архиепископија. Владиката Тимотеј беше погребан и ќе почива во дворот на возобновениот манастир Свети Климент и Пантелејмон на Плаошник каде последната литургија ја одржал пред неколку седмици.

Изјава г.г. Стефан: Бевте светлина меѓу доверениот ви народ,бевте светлина на врв планина, светлина која не може да се сокрие  па по Свети Климента, благодарние и на Вас Плаошник повторно свети.И не случајно телесно засекогаш ќе се населите на Плаошник покрај Свети Климента за и од таму да продолжите да помагате да се доистражи недоистраженото,да се дообнови недообновеното и секако и пред се за да се доодбрани вистината наша охридска и македонска.Можевте и умеевте многу и многу и направивте-рече г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македнски.

Во катедраланата црква Света Софија каде се одржа света литургија присуствуваанеговите најблиски роднини,голем број верници,црковни великодостојници,академици,претставници на државни и општински иституции. 

 За целиот народ, за целата православна екумена,ќе остане запаметен како човек со чиј што благослов беа обновени многу цркви и манастири во нашата епархија, добро организирани, беа претворени во оази на мирот и на духовниста каде и ден денес православниот народ и воопшто сите си го наоѓаат својот духовен мир, спокој и пробежиште-рече сестра Ефимија

Митрополитот Тимотеј копнееше за единство и ги залечи раните што постоеја поради децениското разделување,стои во писмото кои го испратил српскиот патријарх г. Порфириј.До вечниот дом го испратија и двајца митрополити на српската и еден од бугарската православна црква.Инаку 40 дена со дебарско-кичевската епархија ќе администрира архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан,а потоа Светиот Синод ќе го избере новиот митрополит на една од најзначајните епархии,дебарско-кичевската.

Росица Голабоска
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста