Погребан Џорџ Флојд по 15 дена по убиството

По 15 дена од убиството, афроамериканецот Џорџ Флојд , вчера беше погребан во Хјустон, Тексас, градот каде што го минал најголемиот дел од својот живот. Комеморацијата траеше околу четири часа и ја пренесуваа голем дел од американските медиуми кои го пренесуваа неговото испраќање наведувајќи дека Флојд од обичен човек станал „симбол за жртвите на расизмот и полициската бруталност“ . Флојд беше убиен на 25 мај за време на апсење во Минеаполис, Минесота, а за неговото убиство ќе одговараат четворица полицајци, еден како извршител, а тројца како помагачи. Сите беа разрешени од должност еден ден по убиството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста