„Подобро да ни плукнеше в лице“, порака од стружани за поддршката на Мерко

И покрај 14-те кривични пријави, сите поднесени за време на неговите 3 градоначалнички мандати, Зоран Заев го погази дадениот збор и го повика париското членство и овој пат да гласа за Рамиз Мерко, замижувајќи и за потрошените 78.000 евра на софри, 114.000 евра на скапи автомобили како и за 70.000 евра вредното Ауди А6, за кое своевремено беше отворена предострана постапка. Капак на се’ e неговиот ингнорантски однос кон препораките на Унеско. Ова предизвика револт на социјалните мрежи.

„Да дадеш отворена поддршка на Мерко, е исто како да ни плукнешправо во лице. Ако не даде поддршка на истиве, уште на 31-ви октомври треба да се сели од Илинденска. Од мала Речица нема да го чекаат да си даде оставка!

„Кога даваш поддршка на кримининалец мора да си во многу лоша состојба и не си ја разбрал пораката од народот! Какво лицемерие, свесно вртевте поглед или замижувавте додека дивееше во регионот. Во изминатите 4 години немаше за него никаква санкција, туку напротив само удоволување. Соучесници сте, колку сега и да се правдате“.

„Значи 3 години и 11 месеци може да го критикуваш, а Мерко да изигрува султан, ама кога ќе дојде ножот под коска тогаш сте најголеми пријатели. Е баш затоа стружани треба да Ве казнат”

Заев како и во 2017-та и овој пат побара поддршка за Мерко иако иако своевремо изјави дека се изгорел токму со поддршката на Мерко.

„Ве слушнав дека ќе ја поддржите Струга,но неодамна изјавивте дека сте се изгореле и сте раочаран од Мерко, зошто повторно му давате доверба? Имаше доста промени после тоа“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Ставот на Заев после неговит критики Мерко почнал дури рамномерно, урбанистички да ја развива Струга, ја искоментираат и од ВМРО ДПМНЕ.

„Ние што сме тука од регионов, го знаеме добро актуелниот градоначалник на Струга, ги знаеме и превртувањата на Заев – прво го напаѓаше па да потсетам, неколку месеци го пушти и Љупчо Николовски заедно со Мерко да ја решат корупцијата Струга, гледаме колку ја решија.Очигледно ова е коалиција на криминал и корупција“, рече потпретседателот на ВМРИ ДПМНЕ, Александар Николоски.

И додека во Струга врие, Мерко ги гоштева функцинерите на СДСМ. Вчера ручал заедно со министерот за здравство Филипче и уште двајца фунционери од ДУИ, по што партијата се огласи со соопштение во кое се вели дека Филипче уште еднаш ја изрази поддршката на сите структури на СДСМ во Струга за Зелената агенда.

Росица Голабоска