Податок за во Гинис: Среде Охрид има 420 згради и 28 хотели изградени на диво

За дивеењето и узурпацијата на охридско-струшкото крајбрежје каде во строго заштитен појас на 50 метри од езеро има стотици дивоградби,од надлежните иституции не само што никој не чувствува одговорност, туку и вината си ја префрлаат едни на други.

Од Националата комисија на Унеско тврдат дека биле извршени повеќе инспекциски надзори, ама проблемот лежел во недоволниот број инспектори на локално и државно ниво.

Ситуацијата е хаотична посебно во Струга каде на потегот од Елен камен до Радожда се градат објекти на самиот брег, а на плажите и покрај тоа што им се истечени договорите за концесија, концесионерите ги доуредиваат плажите на кои никнуваат и нови објекти.Прашавме дали Националаната комисија на Унеско ќе побара интервенција и од државата за рушење на дивоградбите во Струга и дали ќе побараат одговорност или санкции за ваквото самоволие на градоначалникот Мерко? Ни одоговорија дека работата на градоначалниците не била во надлежност на Националната комисија за УНЕСКО. Се обративме и до министерство за транспорт и врски од каде тврдат дека општина Струга сеуште не им го доставила инвентарот на дивоградби.

“ Министерството за транспорт и врски не е инспекциски орган,ниту со своите надлежности може да руши дивоградби.Општината ги има превземено сите надлежности во делот на градежното земјиште и треба да постапува по однос на дивоградбите”-велат од Министерсто за транспорт и врски.

Шокантна е инфомацијата дека и во Охрид од 15-те илјади барања за легализација,11.000 се семјни куќи, згради и хотели.

 Како се дозволило сред Охрид на диво да се изградат 420 згради и 28 хотели? Каде биле и што правеле надлежните служби,зошто навремено не реагирале? Не се работи за игла во сено,туку за огромни капацитети.

Ваквата ситуација е резултат на децениското игнорирање на рамките за заштита и одбивањето на локалните и централните власти да постапуваат. Во 2010 год е донесен Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион кој почна да се имплементира во 2018 година”-велат од Национална комисија на Унеско.

Министертсвото за транспорт и врски дава одобренија за градба од прва категорија,зошто се дозволиле дивоградби,Ве упатуваме на одговор во локалната самоуправа-кусо соопштуват од транспорт и врски.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста