Подадената рака на Орбан е доказ кои европски политичари се вистински пеијатели на Македонија
Македонија мора да си ги заштити националните интереси во билатералниот спор со Бугарија, што според дел од аналитичарите ќе биде тежок и мачен процес на долги стази. Откако техничкиот бугарски министер за надворешни работи, Кондов експресно го отфрли предлогот на унгарскиот премиер Орбан да посредува во решавањето на проблемот, се видоа црвените линии на Бугарија, коментира поранешниот амбасададор Марјан Ѓорчев.
Бугарскиот министер Иван Кондов во интервју за бугарската новинаска агенција БГНЕС вели не сака да прифати никаков посредник, туку се повикува на францускиот предлог.
Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“, вели Иван Кондов, технички министер за надворешни работи на Бугарија.
Штетата од овој договор и политиката на СДСМ и ДУИ сега излезе на виделина, коментира политичкиот аналитичар Синиша Пекевски. Сепак тој е оптимист дека изборите во САД би можеле да се рефлектираат врз бугарските цврсти ставови во билатерланиот спор со Македонија.
Понудената рака на премиерот Виктор Орбан за полесен и побрз пат на Македонија на патот кон ЕУ сведочи за тоа кои земји членки на ЕУ се вистински пријатели на нашата држава, коментираат политичките аналитичари. Со оглед на тоа што Унгарија е претседавач со ЕУ во Нова година, ставовите на политичкиот врв во Унгарија во однос на евроинтеграцискиот процес на Македонија може да донесе само бенефит за нашата земја.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан е дециден дека земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава, а Унгарија е подготвена да го искористи претседателството со ЕУ во интерес на Македонија. Одвојувањето од Албанија,
Според Орбан, Македонија одамна требало да биде членка на ЕУ и ваквиот однос на унијата прави рани.