Под превезот на слаткоречивоста, Ковачевски ги спроведува барањата на Петков?!

Се додека решение за спорот со Бугарија бараат опортунисти кои немаат правилен однос кон заедницата и не знаат што е држава и што е нација, не може да се очекува никакво придвижување и добивање на тој посакуван датум за почеток на преговорите – вака ги толкува последните случувања од надворешната политика поранешниот амбасадор Ивица Боцевски. Новите премиери на Бугарија и Македонија требаше со поинаква реторика да ги зближат двете земји со цел да се тргне блокадата од нашиот источен сосед, но според Боцевски, се чини дека под превезот на економското поврзување на двете земји, директна авио и железничка линија, Македонија продолжува на прави отстапки, Бугарија има нерационални барања,а  Ковачевски е способен на се, само за да го добие долгоочекуваниот датум за влез во ЕУ.

Моменталната состојба само го разорува нашето општество, а дијалозите, спорот со Бугарија, ситуацијата ја вратија во времето од 80-тите години. Сето ова го разоруа нашето општество. Во составот на СДСМ, со исклучоци на неколку личности, има опортунисти кои не знаат што е држава, што е нација, немаат однос кон заедница, како таа се одржува, и мислам дека во тој нивни светоглед сосема е сеедно дали ќе влезат во големи национални предавства – вели поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.

Според Боцевски, формирањето на комисии само ќе го кочи процесот – а  новите работни групи на Бугарија и Македонија ќе донесат само нови документи, декларации, стратешки планови, но не и решенија.

Според поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски  намерата на бугарските власти да отворат нова етапа за решавање на спорот била видлива, но предлага македонската дипломатија и комисиите да бидат потранспарентни во однос на тоа, што Македонија и ветува на Бугарија.

Во дипломатските односи постои една димензија на дискреција но потребна е поголема доверба. Сите прапања поврзани со надворешната политика треба да бидат разгледувани од сите позначајни политички партии. Треба да се разгледаат на Комисија за надворешна полиитика и Комисија за евроинтеграција, тие седници можат да се одржат зад затворени врати доколку политичките чинители сметаат дека е потребна дискреција – вели поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.

И покрај ентузијазмот на двете влади дека ќе се изнајде решение и Македонија ќе се придвижи кон Европското семејство, познавачите постојано алармираат дека под превезот на слаткоречивоста на премиерот на Бугарија Петков стојат истите барања и тврди ставови кон Македонија, а државава и понатаму прави отстапки, ако се земат предвид последните случувања – Македонија се согласи да ги вметне Бугарите во Уставот но не и да се грижи за националното малцинство во Бугарија, испрати нота до ОН дека немаме територијални претензии, а и покрај немањето заеднички став на мешовитата историска комисија за Гоце Делчев, двете земји заедно го чествуваа јубилејот од неговото раѓање.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста