Почнува вакцинацијата со Астра Зенека, дел од граѓаните го откажуваат добиениот термин

Од утре започнува имунизацијата во Македонија со вакцините на ,,АстраЗнека,,. 20.000 граѓани постари од 75 години ќе се вакцинираат како приоритетни. Пријавувањето е во тек, но загрижува што повозрасните граѓани се предомислуваат. Дел кои се пријавиле се откажуваат бидејќи стравуваат од нус појавите од вакцината од Оксфорд – откриваат матичните лекари. За недовербата на граѓаните во вакцините, докторите вината ја гледаат во неодговорноста на здравствените власти затоа што немале соодветна кампања за правилно информирање на јавноста.

Луѓето со страв одат или до последен момент ќе дојдат па ќе откажат  – ај мене избриши ме ми е страв.Значи секој веќе од кога слуша овој паднал во кома, оној се онесвестил на друг тромб му се откачил.Значи мора јасно да се каже се.Затоа што се работи за здравјето на нашите луѓе.Кои лекови се контаиндицирани и со која вакцина. Ние цело време слушаме колку починале…ајде да зборуваме како да ги зачуваме животите.” – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар.

Матичните лекари реагираат и заначинот на закажување на термините за вакцинација велат дека е нелогичен, како што велат неиздржливо е докторите да кликаат на мој термин за вакцини додека чекалните се полнат со пациенти.

“Проверивме сите од сабајле да видиме како функционира сето ова…повторно за две секунди ни ги снема термините.Повторно акција брзи прсти дали ние да прегледуваме тука дали да провериме за термини. Или треба да не се прегледува и да седиме и да вртиме за закажување.” – изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар.

Со дозите на АстраЗенека од понеделник ќе се вакцинираат и вработените во МВР и Армијата, новинари, вработени во судовите и обвинителствата, возачите на автобусите на ЈСП, пожарникарите,воспитувачките во градинките и вработените на патарините.

Инаку, случаи на тромбоза во многу земји доведоа до запирање на вакцинирање со АстраЗенека, но и покрај тоа македонските здравствени власти уверуваат дека оваа вакцина е безбедна и за постарите лица над 75 години.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста