ПОЧНУВА НАЈГОЛЕМОТО СУДЕЊЕ ПРОТИВ ИТАЛИЈАНСКАТА МАФИЈА ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ

Повеќе од 350 припадници на мафијата, политичари, правници, бизнисмени и други обвинети ќе се појават на суд во јужниот калабриски град Ламези Терме против криминалната група Ндрангета. Оваа компанија го контролира протокот на кокаин во Европа и се смета за најмоќна криминална организација во Италија.Обвинителите треба да докажат дека Ндрангета уште од 90-тите години на минатиот век е вклучена во убиства, илегална трговија со дрога, уцени, перење пари и други криминални дела.Првото италијанско судење е спроведено во 8отите години против сицилијанската мафија Коза Ностра, каде беа осудени 338 луѓе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста