Почна жетвата на пченицата – откупот неизвесен

Почна жетвата на пченица во источниот регион. Годинава сушата им го изеде трудот на земјоделците. Се жалат на лошиот квалитет на лебното зрно и малите приноси.

Комбајните влегоа и во нивите на еден од најголемите земјоделци во Карбинско,  кои има над 160 хектари посеани под јачмен и пченица. Приносите му се десеткувани,, а штетите  допрва ќе ги утврдува..

Дополнителен проблем за земјоделците годинава ќе биде и откупната цена на лебното зрно,која допрва треба да се формира. Земјоделците се категорични, секоја цена под 12 денари за килограм предадена пченица, за нив е загуба…

Пред два дена и Националната федерација на фармери алармираше дека откупот е неизвестен, а калкулациите на земјоделците , зависно од регионот покажуваат дека производната просечна цена изнесува од 9 до 12ден. Од НФФ наведуваат доколу производната цена е повисока од откупната да се спроведе интервентен откуп, а поради корона кризата Агенцијата со стокови резерви да излезе со информација за државните резерви со пченица

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста