Почна вакцинацијата против ковид-19 на граѓани на возраст над 77 години

Пензионерот Сотир Колишевски од Скопје кој има 85 години е првиот човек кој ја прими првата доза на вакцината на АстраЗенека со што и почна имунизацијата на постарата популација над 77 години. Докторите во вакциналниот пункт во поликлиниката Букурешт велат дека се тече во најдобар ред, и термините се закажуваат на секој десет минути, а вакциналните пунктови работат во две смени од 8 до 20 часот.

Многу поголема раздвиженост за разлика од Букурешт имаше во вакциналниот пункт во поликлиниката Јане Сандански. Постарите граѓани кои нестрпливо чекаа да бидат повикани да ја примат првата доза изјавија дека веруваат во секоја вакцина и апелираа сите граѓани да го следат нивниот пример за конечно да се стави крај на пандемијата.

Министерот Филипче денеска кажа дека околу 20 отсто од веќе пријавените граѓани за вакцинација за денеска не се појавиле на закажаниот термин.

Досега за вакцинација пријавени се околу 20.000 граѓани ширум државата. Од возрасната група над 77 години се пријавиле близу 6 000 лица.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста