Почна уривањето на нелегалните објекти на најатрактивните плажи во Охрид

Под силно полициско обезбедување во присуство дури и на единиците за брзо распоредување,затворајќи го сите приоди кои водат кон Студенчишта, започна уривањето на платформите и урбаната опрема на најтракривните плажи на ривиерата. Акцијата започна од култното Куба Либре.

-Не знаеме што точно ќе се урива велат вработените, бидејќи не добивме никакво решение.

Ако смета платформата на Унеско ќе ја отстраниме и доброволно ќе почнеме да отстрануваме, но за жал ни известување ни дојде некој да праша што се дешава.Во 2007-ма година ни дадоа проектна документација како да изгледа плажата, од тогаш до ден денес не е мрдната ни лево ни десно-вели Марјан Маловчев-“Куба Либре”.

Ова е непотребно покажување на сила,објектот не работи,струјата е противзаконски исклучена. Процесот на јавно наддавање за закуп на плажите спроведен во 2018 година поради грешки не е завршен и од таму неможе да се каже објектите врз кои сега се постапува се нелегални-вели адвокатот Михаил Кичеец.Коинцесионерите ги спорат и баснословните суми на остварен профит кои градоначалникот ги изнесе во јавност.

Потенцираме дека не е законска постапката, не е постапено согласно правилата и се игнорира фактот дека постапката за јавно наддавање која би го решила статусот на плажите кои се издаваат под закуп не е завршен.Сметаме дека е сериозно пречекување на овластувањата на општината да го решава надвор од правните регулации нејзиниот проблем на раководење со обалата на овој начин-рече Михаил Кичеец-адвокат.

Ние најдовме начин по старата концесија да си плаќаме кирија, концесијата е платена од 28.02.0201-ва,да не е лажна слика дека правиме некаков криминал.Не се 190 милони профит,туку се 216 милиони промет,морам тука да ги исправам малку.516.000 евра се во реинвестиции, 300.000 евра се данок кон државата и сите платени концесии-рече Марјан Маловчев-“Куба Либре”.

Повеќе нема да биде толерирано нелегално работење и остварување на бизнис интереси на поединечни фирми, кои без договори за концесија и надвор од сите законски процедури граделе објекти и узурпирале државно земјиште, со што нанеле значителни штети во строго заштитената зона на езерото-стои во соопштението од општина Охрид каде се наведува дена наредните денови ќе се рушат платформите и објектите на крајбрежјето на потегот од Студеништа до населбата „Канео“.Угостителските објекти кои работат на овие плажи треба да престанат да извршуваат угостителска дејност и да ги затворат локалите-се вели во соопштението.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста