Почна судењето за „патарините“ на Бонева

Поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева,  денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд во Скопје. Бонева е обвинета во случајот на СЈО познат за јавноста како “Друмарина”. Предметот на Бонева, по згаснувањето на Специјалното Јавно обвинителство  го презеде Јавното обвинителство.

Бонева се товари за поднесување на лажни фискални сметки од патарини со што наплатила значителна сума пари од Собранието.Според обвинението Бонева  остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што наплатила патни трошоци во вкупен износ од речиси  6 иполо милиони денари.
Како што рече во уводниот збор, јавниот обвинител Артан Ајро, станува збор за периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието.  Обвинителството тврди дека еск пратеничката  имала  намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Одбраната на Бонева пак смета дека обвинетата законски си ги наплатила патните трошоци.

„Излегоа списоци за незаконски наплатени огромни суми на пари на име додатоци од страна на обвинителите на СЈО. И сега тие не одговараат. Никој не сноси одговорност, но истите тие кривично гонат пратеник кој законски наплатил патни трошоци“, рече Ружица Николовска, адвокат.

И Бонева уверува дека со приложените докази и исказот на сведоци  ке докаже и пред судот и пред јавноста дека ова обинение било невистинито и паушално.

  • „Со приложените 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажам пред судот и пред јавноста дека обвинението против мене е невистинито и паушално исто како и големите лаги дека сум рекордер во земањето патни трошоци, како и големите лаги дека сум купила станови со криминални пари“, рече Бонева.

Бонева вели дека за нејзиниот предмет ги известила Народниот правобранител,Меѓународните организации и сите амбасади во земјава. Дел од нив и одговориле дека ќе го следат судењето..

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста