Почна судењето на 36 годишната кратовчанка, која во семејната куќа со нож ги уби мажот и свекорот
Во Основниот суд во Куманово, започна судењето на 36годишната кратовчанка, Вангелица Илијевска која во семејната куќа во јуни годинава со нож ги уби мажот и сопругот. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека постапувала во нужна одбрана. И на прашањето на судијата, обвинетата се изјасни дека делото го сторила за да се заштити себе си.
„Нашето вештачење во поглед на психо-физичката состојба на обвинетата во моментот на делување, покажува целосно постапување во услови на нужна одбрана, која е потврдена со сите, односно преку 75 писмени докази за жртва на семејно насилство. Она што беше интересно е дека дури еден од сведоците, свесно кажа дека обвинетата потврдила дека се борела со двајца силни, крупни и високи мажи, мислејќи на починатите„ изјави адвокатот, Христијан Георгиевски
На денешното рочиште сведочеше свекрвата, односно мајката и сопругата на починатите Јован и Стојан Илијевски. Таа рече дека лично не сведочела на убиството и негираше дека син и вршел семејно насилство, сепак рече дека ќе бара обештетување од обвинетата..
Наредното рочиште е закажано за 18 декември. Ќе се разгледуваат доказите и ќе се сослушат вештите лица од психијатрија и ДНК анализа на предлог на обвинетелството. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица Илијевска. Семејната драма се случи на 13 јуни. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал. Ја удирал со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко.
Александра Ристевска