Почна снимањето на втората сезона „Емили во Париз“

Официјално започна снимањето на втората сезона од популарната Нетфликс серија „Емили во Париз“.

Емили се враќа откако компанијата откри дека првата сезона била најпопуларната хумористична серија на Нетфликс во 2020 година.

Според податоците на Нетфликс, од почеток на емитувањето на серијата на 2 октомври 2020 година, во првите 28 дена „Емили во Париз“ ја гледале дури 58 милиони домаќинства.

Лили Колинс останува да биде главната улога, а покрај неа со новата серија ќе играат и Ешли Парк, Филипин Лерој Беули, Лукас Браво, Семјуел Арнолд, Камил Разат и Брно Гоури.

Првата сезона беше номинирана за два Златни глобуси, а Колинс номинирана во категоријата главна  актерка во тв серија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста