Србија денеска гласа. Повеќе од 6,5 милиони граѓани имаат право на глас. Фаворит на изборите според анкетите е Српската напредна странка на претседателот Александар Вуќиќ, но поголемиот дел од опозицијата собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СЗС) се реши на бојкот бидејќи сметаат дека нема услови за фер и демократски избори. На парламентарните избори ќе се натпреваруваат 21 избирачки список на партии и коалиции, кои ќе се борат да го поминат прагот од три проценти и да освојат места во српскиот парламент. На гласачките места се преземаат неопходните мерки за заштита од коронавирусот. Со оглед на бојкотот од страна на опозицијата, овие избори се очекува да донесат дополнително зацврстување на позицијата на Вучиќ.