Починатиот велешанец бил заболен од коронавирус

Првиот пат дедо ми го вратија од болница со образложение дека има бронхит, а вториот пат чекајќи ја итната помош да го однесе на инфективно одделение, почина дома. Беше во тешка состојба, но ни рекоа дека немаат возило и не може да биде пренесен, сведочи за Алфа внука на 78 годишниот велешанец кој во средата почина од корона вирус. Денеска резултатите кои пристигнаа во Центарот за јавно здравје во Велес го потврдија присуството на Ковид-19 кај пациентот. Неговата внука револтирана од односот на дел од медицинскиот персонал вели дека се соочиле со голгота. Прво долго се убедувале со матичниот лекар на нејзиниот дедо да му биде закажано тестирање, а откако успеале се соочиле со дрзок однос однос од здравствените работници. Ги распрашувале дали успеале да обезбедат тест со врски.

Чекајќи го резултатот од тестот неговата состојба се влошила. Неколку дена 78 годишниот пациент бил дома со повишена температура, кашлање и омалаксаност. Екипата на итната помош дошла по неколку повици на семејството за да го однесе на преглед.

“Прво ни рекоа да одиме со сопствено возило или со такси. Рековме дека немаме возило. Ги чекавме речиси еден час. Во болница го прашаа дали имал контакт со н екој заболен од Корона. Му рекоа дека има бронхит и дека може да се лечи дома. Откако беше вратен дома во вторникот нагло му се влоши состојбата. Од брза помош ни рекоа дека имаат возило, но дека немаат шофер. Дедо ми беше прилично здрав човек и немаше хроничлни заболувања. Не живеевме во заедница и ние немаме симптоми, но ни рекоа дека дури во понеделник ќе можат да не тестираат”, вели внуката.

Директотот на велешката болница вели дека било постапено според сите протоколи. Дежурната докторка утврдила хроничен бронхит и пациентот го пратила дома. Велешанецот негирал контакт со заболен од корона вирус. Претходно, како што вели директорот на болницата од матичниот лекар бил лечен со парацетамол.

Направена е епидемиолошка анкета од која е утврдено дека немал контакт со заболеен од корона вирус направен е комплетен преглед при што е утврдено дека немал температура и е во оопшта стабилна состојба со бронхитилен наод на белите дробови при што му е дадена соодветна терапија. Веднаш после тоа по проценка на дежурниот доктор, даден е совет за домашна изолација и контрола со резултатот од направениот брис, вели Бојаџиев.

Денеска и здравствените испектори вршеа надзор во болницата во Велес. Случајот со велешанецот е сличен на оној со 66 годишнатаа пациентка од Горно Татеши која почина од корона вирус откако не беше примена во охридската болница. Директорката на охридската болмица беше разрешена. Таа заедно со инфектолозите беше и парично казнета поради лекарски пропусти. Докторите реагирале според алгоритмите за ваков тип на пациенти кој им бил даден од ресорното министерство.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста