Починати 2 лица, 41 нов случај на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 37 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на институтот на починати од ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.

Во изминатите 24 часа направени се 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367, а последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 468
Куманово – 363
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –139
Тетово – 73
Струга – 62
Велес – 63
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –14
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Валандово -1
Виница – 1

Направените 728 теста се преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен ф-тет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со PCR метода – 20 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 14758 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 4 пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се 5 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се 5, а на респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, 1 пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани 2, а на домашно лекување се следат уште 9 пациенти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста