Почина владиката Тимотеј

Почина владиката Тимотеј

На 73 години почина дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј. Владиката, починал денеска во болница каде неколку дена бил на лекување поради проблеми со срцето.

По изборот за епископ, на 20-ти септември, 1981-ва година бил хиротонисан за Архијереј, на МПЦ,  а од 21ви септември, истата година бил назначен за Митрополит – австралиски и администратор на дебарско-кичевската Епархија.

Со австралиската Епархија, раководел до 1995-та,  кога продолжил да раководи, со дебарско-кичевската Епархија, како Митрополит дебарско-кичевски. Владиката Тимотеј, беше и портпарол на МПЦ-Охридска архиепископија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста