Почина Сашо Михајловски

Доцна синоќа на 50 годишна возраст, ненадејно почина Сашо Михајловски, вработен во телевизија АЛФА.

Сашо долги години беше вработен во АЛФА, уште од нејзиното формирање, а беше претседател на синдикалната организација.

Со ненадејната смрт на Сашо телевизијата не изгуби само работник, туку голем другар, колега, пријател, соборец…

Искрено сочувство од колегите до семејството и неговите блиски.

Погребот е во среда во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста