Почина првозаразениот пациент од Тетово со ковид-19, семејството бара одговорност и правда за лекарските пропусти

Почина 69 годишниот маж кој беше првиот пациент позитивен на ковид-19 од Тетово и случај за кој семејството обвинуваше за низа грешки и пропусти во здравствениот систем. Неговата ќерка вознемирена, утрото не извести за смртта на нејзиниот татко.Сеуште чекаат одговори, како се заразил во болница. Бараат правда и одговорност за случајот.

Инаку,починатиот бил пациент со хронични болести и неподвижен, по доживеан мозочен удар.Од 9 до 23 март бил сместен во Заводот за рехабилизација во Козле.Откако добил силни главоболки и температура, поради што семејството инсистирало  веднаш да биде тестиран за Ковид-19,биле грубо одбиени,не само од персоналот во Козле, туку секаде каде што се јавиле.Наташа вели,дека е свесна оти татко и бил со потешки здравствени проблеми,но вирусот најмалку требало да го добие во болница.

Алармот за коронавирус во Заводот го вклучи токму овој пациент, кој еден ден откако беше испуштен од болницата, тестирањето,направено во Тетово, покажало дека е позитивен.Заводот веќе неколку денови не работи, а после спроведените тестирања кај персоналот и дел од пациентите,позитивни на ковид-19 испаднаа осум медицински лица и двајца пациенти.Семејството на починатиот се надева дека ќе ја добијат правдата за грешките поради кои останаа без својот близок.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста