Молат за срце – донори нема, почина пациент со целосно пластично срце

По 14 месеци, престана да чука вештачкото срце во градите на 41 годишниот Исмет Хаџиу од Скопје. Тој беше единствениот пацинет во земјава со вградено пластично срце, бидеjќи во Македонија не се врши пресадување на овој орган од донор. Во земјава има уште десетина пациенти на кои име потребно пресадување на овој витален орган. Спасот го бараат во странски кардио центри, ако воопшто имаат среќа да се најде ново срце за нив. Фондот за здравсто ги покрива трошоците за хируршкиот зафат, но вистинските проблеми за овие луѓе почнуваат потоа, затоа што пост оперативниот третман, оди на нивна сметка, а средствата за тоа се огромни.

“Ако се земе во предвид дека тие луѓе живеат на струја, една батерија има животен век околу 2 и пол години ако се трошат рационално.После треба да се заменат со нови, една батерија кошта 1.100 евра може да се пресмета кој е трошокот.Но,не се само тие, тие луѓе имаат трошоци околу 25.000 евра за една година .Има и многу лекови кои воошто не се ресгистирани во Македонија. И пацинетите се приморани лековите да ги зимаат од другите земји и се снаоѓаат како знаат и умеат.“ – вели Ирена Ралева Најдевска – Здружение „Храбро срце“.

Револтирани и гневни на здравствените институции членовите од здружението „Храбро срце” за Алфа си ги кажаа маките и барањата.

“Веќе три години има нов Национален координатор за трансплатанција, а постапката за типизација не е ни започната за во случај ако има срце за донирање ведаш да се бара на кого одговара. Баравме од Министерството за здравство да се започне со кампања за органидателство, како и да бидеме присутни доколку се појави донор, да разговараме со семејството да не видат како ние живееме. Но, ништо од тоа.” – велат од Здружението „Храбро срце“.

Сепак, надежта на овие луѓе, дека ќе се најде срце за нив не умира. И покрај фактот дека во Македонија сè уште не е направена ниту една трансплатација на срце.

Исмет Хаџиу, кој 14 месеци го носеше вештачко срце, беше единствениот кој успеа да преживее, од вкупно тројца пациенти, врз кои беше извршена сложена операција во Македонија. Живееше приклучен на батерии или на струја, чекајќи да се отвори можност за трансплантација на срце – но, не ја дочека.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста