Почина проф. д-р Марија Христова, еден од доајените на македонската педијатрија
Почина доктор Марија Христова, професорка на медицинскиот факултет во Скопје. Професорката Христова, беше една од доајените на македонската педијатрија, која целиот свој работен век, го посвети на лекувањето и здравјето на најмладите и најранливите. Како лекар, практичар, доктор Христова работеше 38 години на клиниката за детски болести, како педијатар со супспецијализација пулмолог. Погребот, на Христова ќе се одржи утре на градските гробишта Бутел.