Почина Проф. д-р Бранко Василевски

Со длабоко жалење Ве информираме дека по кратко боледување, рано утринава, на ден 15 март 2021 година, почина Проф. д-р Бранко Василевски.

            Проф. д-р Бранко Василевски, како редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во  Скопје, целиот свој работен и животен век ги посвети на развојот на максилофацијалната хирургија, каде остави огромен придонес во македонското здравство. Во текот на својата академска кариера остварил исклучително плоден научен и стручен опус во домашни и меѓународни научни списанија. Во 1966 година бил избран за прв претседател на Стоматолошката секција на СР Македонија. Во 1988 година бил Генерален секретар на Здружението на пластичните и максилофацијалните хирурзи на Југославија. Во 1996 година бил претседател на Здружението на пластичните и максилофацијалните хирурзи на Република Македонија. Бил член и на издавачкиот совет на стручното списание Македонски стоматолошки преглед од 1999 година. Од 1996 до 2004 година бил советник на Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија, со седиште во Лондон, Велика Британија. Од септември 2004 година е избран за член на издавачкиот совет во Европската асоцијација за кранио-максилофацијална хирургија.

            Во 2004 година му била доделена Повелбата „Трифун Пановски“ како највисоко признание од страна на Македонското лекарско друштво.

            Погребот ќе се одржи на 16 март 2021 година, во 13 часот, на гробиштата во Бутел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста