Почина маестро Зоран Џорлев

Почина маестро Зоран Џорлев, еден од најдобрите македонски виолинисти, професор и долгогодишен соработник на телевизија Алфа.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година. Тој доаѓа од музичко семејство, дете е на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Уште како дете со семејството се преселува во Скопје. Во раното детство во Струмица, започнуваа да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнува да свири на виолина. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Телевизија Алфа изразува сочувство до семејството Џорлеви.

Македонија и македонската уметност загубија голем човек и професионалец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста