Почина кошаркарскиот тренер Драган Василов – Цевка (1956-2020)

Македонската кошарка остана без уште една легенда. Вчеравечер на 64-годишна возраст згасна животот на Драган Василов. Популарниот Цевка ќе се памети како еден од најдобрите тренери во младинските категории на сите времиња кај нас. Како голем вљубеник во кошарката, тој беше инспирација за сите тренери, а неговата ведрина, позитивност и професионалност во три децениската работа засекогаш ќе се памети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста