Почина Драган Вучиќ – јавноста се простува од големиотн водител, пејач, пред се голем човек

Информацијата за смртта на македонската медиумска легенда Драган Вучиќ ја шокираше јавноста. Најблиското семејство, пријателите и соработниците на социјалните мрежи почнаа со неверување да се простуваат од  познатиот водител и пејач.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на фејсбук објави статус во кој вели дека Вучиќ бил хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш бил лекуван на оделението за интензивна нега.

„И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот“, додаде министерот.

Неговиот син Мартин Вучиќ во изјава за медиумите , рече дека: Семејството дознало оти е позитивен пред десетина дена, но им рекле дека не било страшно.

Дел од интернет порталите пишуваат дека од Ковид – 19 е позитивна и неговата сопруга.

Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.

Вучиќ беше водител и на емисијата среќни коцки која се емитуваше на Алфа телевизија.

Беше и водител на квизовите „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“ а беше дел и од познатиот екс- ЈУ бенд Кода.  Драган Вучиќ почина на 65 годишна возраст.

Дејан Трендов 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста