Почина Борис Џепароски, охриѓанецот кој со моторна пила правеше уметнички дела

Ненадејно во 47-та година од животот во Германија, каде што живееше долги години, почина охриѓанецот Борис Џепароски, голем вљубеник во родниот град и Македонија, уметник и виртуоз со моторна пила и алат со кои на несекојдневен и уникатен начин правеше преубави скулптури, пишува оhridnews.com

Јавноста тука ќе го паметат по прекрасната дрвена скулптура на Св. Наум Охридски во истоимениот манастир во 2006 година, по бројните уметнички дела и неизмерната љубов што ја покажуваше кон Охрид и татковината, како и по гитарата од камен која стои покрај вечното почивалиште на Тоше Проески.

Веста за ненадејната смрт на Борис Џепароски силно одекна во јавноста, а неговите блиски и охриѓани ги преплавија социјалните мрежи со пораки на сочувство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста