Почеток на учебната година со протоколи од Влада што учениците не ги знаат, а прашање е дали и наставниците?

Училишното ѕвонче во среда ќе заѕвони за сите ученици, освен за средношколците во Тетово и Гостивар, поради пандемиската експлозија. Но колку училиштата се подготвени да ги спроведат опсежните протоколи? Наставници алармираат дека одредени училишта немаат услови за настава со физичко присуство со оглед на брзото ширење на вирусот. Колку хигиеничарки и колку редари треба да бидат ангажирани? Како ќе се одржува дистанца и дали учениците, посебно во помалите одделенија континуирано ќе ги почитуваат протоколите – се прашања кои постојано циркулираат на социјалните мрежи, споделени од родители, наставници, ученици.

Додека дел од лекарите советуваат дека е премногу рано за настава со физичко присуство, а и неформална група родители од 15 000 членови бараше онлајн настава, министерката Царовска вели дека на средбите со директорите на училиштата не се разговарало за менување на моделот.

Јас имам во контуинуитет средба со сите директори. основните завршија во среда,четврток и петок. Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, по однос на менување на моделот нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести утврдија дека, може да одат со онлајн настава само заради преоптовареност на болницата, но не и заради други параметри. Што укажува на тоа дека денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година – рече минситерката царовкс а по посетата на ООУ „Никола Карев” во Пробиштип.

Дека училиштата не можат целосно да ги спроведат протоколите алармира епидемиологот  Сашко Олумчев. Според него, епидемиолошки, не се исполнети критериумите кои гарантираат безбедност и здравје на учениците, доколку тие сега, во овој период би ја започнале наставата со физичко присуство.

Во услови кои ги нудат нашите училишта, заразата уште повеќе се се прошири. Нема шанси да се спроведе протоколот. Не постојат базични услови за спроведување на овие протоколи во нашите училишта. Далеку е од здрава логика – вели за Фокус др. Сашко Олумчев, епидемиолог во ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, ПЕ Гевгелија.

Протоколот има 38 точки и меѓудругото предвидува задолжително носење маски, дезинфекција на училницита на големиот одмор и по завршувањето на секоја смена, забрането е да се мешаат учениците од различни класови, а забранет е и влез за родители и старатели.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста