ПОБЕДИ НА ВИСОКО ПОЗИЦИОНИРАНИТЕ ВО НБА, ПОРАЗ ДОЖИВЕА САМО МИЛВОКИ

Четири од петте водечки во НБА што настапија утринава победија, а загуби само Милвоки и тоа од Голден Стејт со 122-121. Стеф Кари имаше една од неговите прочеуени партии кога ретко промашува, па со 41 поен ги одржа шансите на Вориорси за место во плеј офот. Ова ги оддалечи Бакси на три победи од Филаддефлија и првоото место на истокот особено што Севентисиксерси предводени од Ембид, 35 коша, славеа со Бостон со 106-96. На другата страна. Третите Клиперси беа подобри од Портланд со 133-116, четвртиот денвер славеше со Детриот 134-119, а моментно петтите на западот Лејкерси беа подобри од Торонто со 110-101.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста