ПОБЕДИ НА ФАВОРИТИТЕ ВЧЕРА, А ДЕНЕСКА ВО МУНДИЈАЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ НОВИ 14 МЕЧА

Освен во нашата група вчера се играше и на 8 други места по стариот континент, а денеска се продолжува на 14 нови дуели. Но еве ги прво постигнатите резултати: Белорусија-Чешка 0-2 и Естонија-Велс 0-2 во Е собирот, Холандија-Гибралтар 6-0, Норвешка-Црна Гора 2-0 и Летонија-Турција 1-2 во Г групата и Хрватска-Словачка 2-2, Словенија-Русија 1-2 и Кипар-Малта 2-2 во Ха составот. Денеска во два термина, но главно во вечерниот од 20.45 играат: Србија и Азербејџан и Португалија-Лукембург во првата конкуренција, Шведска-Грција и Косово-Грузија во втората, а Ливтанија со Швајцарија односно Бугарија со Северна Ирска во третата. Натаму, во четвртиот состав дуели на Украина и Босна и Херцеговина и на Казахстан и Финска чиј меч тргнува во 16 часот. И уште: Данска-Австрија, Фарски острови-Шкотска и Израел-Молдавија во 6-тата група и за крај: Англија-Унгарија, Абанија-Полска и Сан Марино-Андора во 9-тата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста