ПО ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ГОСТИ ВО ТОКИО ДИЛЕМИ ОКОЛУ САМОТО ОДРЖУВАЊЕ НА ЛОИ

Два дена пред официјално означување на старт на Олмпискиот собир тргнаа натпреварите и тоа во два спорта, тој во софтбол и женскиот фудбал. Од утринава се игра и тоа три меча во софтболот кој на игрите е присутен од 2008-та, а ќе биде отстранет во 2024-тата и уште шест дуели кај фудбалерките од кои за издвојување е тој на Шведска и САД во кој американките што ги предводи нашиот Венко Андоновски загубија со 3-0. Од утре тргнува и машкиот фудбалски турнир, а в петок претпладне, пред свеченоста закажана за 20 часот по локално и 13 по македонско време ќе има и веслање, стрелаштво и коњички спортови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста