По заканите од ИВЗ, Владата попуштa за полицискиот час?!

Попушта ли Владата пак пред заканите од реисот Сулејман Реџепи? По најавата од министерот Венко Филипче дека полицискиот час ќе почне во сабота во 19 и ќе трае до вторник до пет часот наутро зошто анализите покажале дека најмногу луѓе се заразиле на семејни собири, ИВЗ се закани дека нема да гласаат за власта на избори ако овие не олабават. Денеска ИВЗ си утврди и протокол за верниците во џамиите за Бајрам.

– Ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар на грб за откажување на намазот на Фитер Бајрам во џамија. Воведувањето на полицискиот час, ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред, во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, а ова ќе значи дека намерно нема да се дозволи намазот на Фитер Бајрам, кој се одржува еднаш годишно, пишува во писмото од ИВЗ.

Наспроти реисот Реџепи, лидерот на ДПА Мендух Тачи пак со пинакво размислување. Според него најдобро е да се следат примерите на развиенти земји како Турција која воведе четири дневен карантин.

– Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји мора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина, рече претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи.

ИВЗ им порача на верниците повеќе да ги користат дворовите на џамиите, секој верник да си носи килимче и да се дезинфицира на влезот. Реисот претходно и се закануваше на владата барајќи пари како помош за корона кризата, по што владата на факултетот за исламски науки и богословскиот им одобри средства.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста