По втор пат во пандемски услови, а по 16-ти традиционален пат, денеска беше одбележан „Божикниот ручек“ за 500 деца од цела Македонија

       Со претходно поделени пакети од храна и новогодишни колетчиња и без вообичаеното физичко присуство на децата заради панедмијата, ДА „За сите деца во светот“  ја продолжи 16-годишната традиција на “Божикниот ручек“, а која втора година се одбележува во пандемски услови. На денешната прес-конференција, организаторите на овој знаечен настан за повеќе од 500 деца од цела Македонија, порачаа дека децата како наше најголемо богатство ја заслужуваат сета љубов и внимание на овој свет, а особено на вакви големи семејни празници. „Божикниот ручек“ е наменет за децата без родители, за децата на бранителите, како и за дечињата со посебни потреби, со единствена цел и тие да ја почувствуваат Божикната празнична магија.

   „Започнувајќи од 2006-та година, Божокниот ручек се одржува веќе 16 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година…Децата кои се опфатени се од Прилеп, Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Крушево, Штип, Охрид, Струга, Струмица и од други градови ширум нашата земја. Заклучно со овој 16-ти Божикен ручек вкупно ќе бидат опфатени повеќе од 9.000 деца. Големата организација бараше и голерма посветеност во вакви услови на пандемија, но нема поубаво чувство кога знаеш дека внесуваш радост во едно мало, а големо срце“, – рече Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на да „За сите деца во светот“.

   Владиката Петар, кој традиционално го благословува овој Божикен ручек, освен што изрази силна загриженост за драстично опаднатиот наталитет кај, како што рече, државатворниот, македонски народ, тој порача и дека Божик, најмногу е празник на децата и затоа на нив треба да се посветува огромно внимание и љубов.

    „Божик не го личи без деца, Божик навистина не го личи без деца…Опстојот на еден народ, на една држава, па и на целиот свет е исклучиво во тоа дали ќе има прираст на населнието и дали тој прираст ќе биде организиран и воспитан во духот на нашата, конкретно зборувам, за нашатата православна вера и нашата православна Црква“, – изјави владиката г. Петар.   

   Денешниот голем хирстијански празник, на сите деца им го честиташе и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

    „На децата без родители, децата на бранителите, децата со посебни потреби и на децата – членови на ДА “За сите деца во светот“, сакам да им го честим празникот и Новата година со желби за многу здравје, радост, среќа, успех и безгрижно детство“, кажа градоначалникот на прилеп, Борче Јовчески. 

    Заради посебните услови во кои се организираше годинашниот Божикен ручек, годинава не беше доделено најпрестижното признание за општетсвена одговорност Орден за носител на мирот и Плакета за пријател на децата, но тоа, ќе било дополнително организирано, рекоа организаторите.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста