По втор пат пуштена во употреба шестоседната жичница на Шапка

Прво во февруари минатата година, па денеска повторно -со многу фалби и помпа, втор пат се пушта во употреба шестоседот на Попова Шапка.Тој е единствена посериозна инвестиција последниве години,па можеби затоа се промовира два пати- оти речиси ништо друго не е направено за зимскиот центар.Еден куп проблеми,од инфраструктура, недоволно паркинзи, неработење на жичарата Тетово-Шапка- сето она поради што центарот наместо да се развива, го губи сјајот,за надлежните е сведено само на планови и проекти.

Од иницијативата за Спас на Попова Шапка,кои периодов се најгласни за освестување на надлежните и итната потреба од развој на зимскиот центар,велат дека е крајно време нешто да се преземе со Шапка.

Попова Шапка последниве години се повеќе го губи сјајот,а минатата сезона, за прв пат немаше ниту скијање.Годинава, поради пандемијата, посетеноста е многу поголема.Но, само со најави и планови, оваа зимска убавица е далеку од целта да стане врвен зимски центар, по примерот на соседните.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста