По тридневно натегање, Собранието ги усвои измените на Законот за минимална плата на 18.000 денари

Со 90 гласа „ЗА“ и без ниту еден против, по тридневна расправа конечно Собранието го донесе Законот за минимална плата. Пратениците кажаа „ДА“ за раст на минималецот од 15.200 да порасне на 18.000 денари. Со законските измени, висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57% од просечната плата.

Од опозицијата кажаа ако нема раст на сите плати, работниците се повеќе ќе се иселувале од Македонија и ќе купувале билет во еден правец.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се чудат како можат да се фалат со минималец од 18.000 кога бензинот е поскапен за 70%, струјата за 10%, сите производи и услуги за живот се поскапени, а инфлацијата од 6,7% која „им ги јаде“ парите на граѓаните. Скептични дека ќе има скалесто покачување и на останатите плати. 

  • Ќе дебатираме колку што треба, а тоа е за да се постигне она за што сите сме согласни дека поголеми плати треба и мора да има. Особено затоа што животот во Македонија станува се понеподнослив и трошоците за живот секојдневно растат, а паралелно расте и инфлацијата. Со овој предлог закон вие покажувате селективност, вели Даниела Христова.

ќе имаме уште поголеми проблеми во иднина, зашто продуктивноста на трудот ќе опадне. Над 6.000 фирми ставиле клуч на врата, и наместо да го развиваат стопанството тие останале без работници.

Зголемувањето на минималецот е договор помеѓу неколкуте средби на синдикатите, работодавачите и владини претставници, поворија од власта. Уште еднаш кажаа „НЕ“ за скалесто зголемување на другите плати, без да има образложение зошто.

Пратениците на СДСМ од Собраниската говорница кажаа дека се горди на постигнатиот успех за двојно покачување на минималецот.

  • Со помош на миниманта плата работниците кои имаат најниски примања ќе можат да ги покријат своите трошоци за живот. Но, околу селективноста кога зборувате, па зарем работниците кои скалесто земаа со години од 7-10 000 денари тогаш не ги имаа истите потреби, истакна Марија Костадинова.

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите во првата година.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста