ПО ТРЕТОТО СЕПТЕМВРИСКО РЕМИ ОСТАНУВАМЕ 4. ВО ГРУПАТА Ј ВО МУНДИЈАЛСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

По осум дена врвен репрезентативен фудбал на Стариот континент синоќа со 12 дуели заврши вториот квалификациски сегмент за мундијалот. Еве ги сите резултати: во Б групата Косово-Шпанија 0-2 и Грција-Шведска 2-1, во Ц Италија-Литванија 5-0 и Северна Ирска-Швајцарија 0-0. Во  Е: Белорусија-Белгија 0-1 и Велс-Естонија 0-0. Во И Полска-Англија 1-1, Албанија-Сан Марино 5-0 и Унгарија-Андора 2-1. Се ќе продолжи за токму еден месец.