По свинската чума, нова болест му се заканува на добитокот
По свинската чума, нова болест му се заканува на добитокот,регионот исправен пред нов здравствен предизвик кај животните-маларична болест која ги сотре овците и козите во повеќе европски земји,веќе е присутна во Грција,каде до сега се уништени приближно 17.000 грла овци. Таа не е опасна за луѓето но е погубна за домашните животни и за неа нема лек.Македонија вложува напори да се спречи појава на болеста и да се заштитат на 487.000 овци и кози во земјава.Агенцијата за храна и ветеринарство забрани увоз на животни и нивна преработка од земјите каде е присутна. Кај нас болеста за сега не е присутна,но постои опасност да се појави.
“Тоа ќе се одрази на стопанството и економски Македонија ќе изгуби многу.Во случајот сега ние правиме напори имаме случено договор и меморандум со министерството за одбрана, за локална самоуправа доколку се појави да излезат во пресрет градоначалниците ,а со МВР се одговоривме на состанокот со Тошковски да имаме поголема контола на илегалниот увоз на животни” Оливер Миланов-директор на Агенција за храна и ветеринарство
“Овие се многу сериозни болести,главен начин за контрола на болеста е со имплементирање на строги мерки кои вклучуваат убивање на сите животни во заразените стада,нема други мерки.Односно постои вакцинација но доколу се примени вакцинација тоа ќе има последици во однос на извозот на производи од од земјата,извоз на јагнешко месо кое е многу битно за македонското сточарство”-вели Тони Киранџиски,тим лидер
Што се однесува на состојбата со болеста африкнаска чума кја свињите која не само кај нас туку и во Европа и светот нанесе гомели штети на свињарството и го дестабилизира пазарите на свинско месо.Кај нас е присутна од 2022-ра и за сега е во стабилна состојбата.Последен случај беше регистиран во пехчевско и до сега се угинати околу 10.000 свињи.
“Претставува една од болестите кои што се нотирани како економски со најголеми загуби воошто во историјата.За сега за среќа немаме нова појава на жариште на свинска чума кај фармите,тоа е најбитно во однос на одржување на производството и задоволување на пазарот со свинско месо.Ние секако како земја не сме извозници и во тој ден не не афектира моментално,меѓутоа болеста е присутна кај дивите свињи и тоа е голем проблем кој многу тешко ќе се реши” –вели проф.Игор Џаџовски
Годинава евидентирани се три жаришта на свинската чума кај 2 некомерцијални одгледувалишта,а што се однесува на дивата популација до сега болеста се проширила на вкупно 72 ловишта.
Росица Голабоска