По Собранието и Советот на Јавни обвинители ја разреши Катица Јанева

Советот на јавни обвинители вечерва едногласно донесе одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради незаконско, несовесно и нестручно работење. Со ова разрешени се и 10те помошници обвинители, но тоа ќе биде констатирано на седница во понеделник.

Според претседателот на Советот Ацо Колевски, согласно законот за СЈО не постојат услови за поставување на в.д специјален обвинител. Во овој период кога не е донесено ниту новото законско решение за јавното обвинителство Советот ќе чека насоки од Собранието за нови имиња.