По протестот на родителите на деца со попреченост од Владата најавуваат законски измени

Во наредниот период ќе се работи на законски измени и правилници со коишто ќе се опфатат иницијативите и барањата на родителите на деца со попреченост, најавуваат од Владата. Претставници на родителите по протестот се сретнаа со министрите за труд и социјална политика, Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Дел од инцијативите и барањата на родителите се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени, соопшти владината прес-служба.

Во наредниот период освен на законски измени ќе се работи на правилници со коишто ќе се опфатат и барањата на родителите на деца со попреченост, најавиле министрите за труд и социјална политика, Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за транспорт и врски Горан Сугарески по средбата во Владата со претставници на родителите, се наведува во соопштението.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста