По претходна акција на СВР Скопје, заканувачот Јакимовски заврши во притвор

Опасност од бегство и за дела против редот и моралот, судија на претходна постапка одреди 8 дена притвор за заканувачот Емил Јакимовски, откако претходно СВР Скопје ефективно го сработи случајот заедно со обвинителството.

Скопската полиција реагираше веднаш по првичното алармирање на новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска дека се жртви на деноноќни закани и малтретирање од страна на Јакимовски. Освен кон новинарките претходно тој се заканувал и на неговата поранешна сопруга.

Според нашите информации, СВР Скопје презеле низа мерки и биле анализирани ДОКАЗИ, како и сослушани лица жртви на Јакимовски. ТОЈ од вечер е во истражниот затвор Скопје, а според обвинителството него треба да му се суди во скратена постапка.
За овој случај се ангажираше и министерот Наќе Чулев кој им гарантираше заштита на новинарките од вакви и слични заканувачи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста