По Пендаровски, на Вартоломеј му пиша и Заев- од „ нашата земја“, за „нашиот народ“ и за нашата црква“

Името на државата изгледа може да се користи само во насловот на меморандумите кои државниот врв ги испраќа, инаку според вордингот на главните политички чинители во Македонија е само нашата држава, нашиот народ, нашата црква, како да немаме официјално име.

По претседателот и премиерот реши да се обрати до вселенската патријаршија за решавање на проблемот со МПЦ-ОА, но и тоа како и во писмото на  Пендаровски, речиси никаде и да не се споменува името на државата

.Од чие име се обраќаат Педнаровски и Заев, зошто не го користат името Македонија?

Заев се правда, користел црковен наратив.

– Да, почесто се употребува „нашата земја, но се споменува и Северна Македонија.  Во меморандумот пишува дека е испратен од „Претседателот на Владата на Република Северна Македонија“, Но, сакаме да го користиме и наративот кој што православието и Црквата го користат многу често во својот вокабулар, рече Зоран Заев, претседател на Владата

И Пендаровски како Заев, вели во меморандумот стои името на државата, и тоа со големи букви.

Името на државата е содржано во заглавјето, значи претседателот на оваа или на било која друга држава, кога пишува писмо до било кого, и во својата држава и надвор, горе има меморандум, пишува република Северна Македонија- претседател. Значи името на државата, можеби на некого не му се допаѓа, меѓутоа е име според уставот на нашата држава и е република Северна Македонија, целото уставно име на нашата држава беше содржана на меморандумот, и јас ви кажувам дека тој фонт е десет пати поголем од останатиот дел на писмото, изјави Стево Пендаровски – претседател на државата.

Социјалните мрежи по писмата на Заев и Пендаровски до Вартоломеј вријат, не заради содржината туку токму поради избегнувањето на користењето на зборот македонски, што е зачестена пракса на државниот врв.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста