По Ловрен, Лалана го смени Ливерпул за Брајтон

Адам Лалана стави крај на шестгодишната авантура во Ливерпул потпишувајќи тригодишен договор со Брајтон. Англискиот играч за врска минатата сезона имаше значително намалена минутажа, а откако „црвените“ не му понудија нов договор, тој како слободен играч го напушти „Енфилд“. Лалана е вториот заминат фудбалер од Ливерпул, по преселбата на Дејан Ловрен во Зенит.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста