По корона вирусот, се соочува ли Македонија и со Кавасаки синдром?

По корона вирусот, се соочува ли Македонија и со Кавасаки синдром кој ги напаѓа децата?  Во земјава се регистрирани две деца со симптоми слични на синдромот.  Дали е Кавасаки, ќе покажат серолошките тестирања.

Светските педијатриски здруженија кажуваа дека кај децата нема пулмонална презентација, повеќе реагираат на стомакот и промени на кожата, симптоми кои наликуваат на Кавасаки синдром – вели за Алфа, др.Анастазија Софијанова од Клиниката за детски болести.

Од клиниката за детски болести, информираат  дека Ддвете деца од едното на 8 другото на 5 годишна возраст, имале осип на кожата кој се повлекол за една недела, температура и стомачни тегоби.  Тие се излекувани и веќе се дома. На децата им биле направени тестови за корона вирусот, кои биле негативни.

Ковид 19 како вирус, знае да ги направи овие промени на кожата и слузницата и стомачни тегоби, кои иако е причинител Ковид 19, наликуваат на симптомите на Кавасаки болеста – додава др. Софијанова.

СЗО апелираше до сите клиники да бидат внимателни, откако во Европа беа регистрирани 230 деца со Кавасаки синдром, а две деца од Франција и Велика Британија починаа од оваа живото  загрозувачка болест. Лекарите се сомневаат дека корона вирусот може да е причинетел на Кавасаки синдромот, но тоа засега не е докажано.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста