По јавните несогласувања на СДСМ и ДУИ, одложена седницата за енергетските закони

По јавните несогласувања на СДСМ и ДУИ, одложена седницата за енергетските закони

Официјално комисијата за економски прашања одложена – неофицијално Законите за таканаречените стратешки инвестиции се повлечени од Собранието, на доработка.

Објаснување зошто се одложи комисиската расправа и за кога е истата презакажана нема. Претседателот на комисијата за економски прашања Диме Велковски во телефонски разговор за Алфа вели ќе закажел комисија најверојатно наредната седмица, но на прашањето зошто е истата одложена немаше одговор.

Присуство на дебатата по средба со Министерот за економија кој бараше повлекување на законите,  побарале и од Здружението на инженери на Македонија со цел да го изнесат нивното мислење. Тие до сега не добиле никаков одговор до сега дали ќе им биде дозволено присуство

Зделката за „ Митилиенеос“ доаѓа уште по потпишувањето на Преспанскиот договор  од тогашниот премиер Зоран Заев. Испраќањето на законите во Собрание ја отвори Пандорината кутија со спорни моменти и крешење на Законот за стратешки инвестиции. Покрај тоа што законот за Митилинеос е  испратен во Собрание без мислење од Државниот правобранител што е спротивно на Закон, односно истото е издадено седум дена по владината седница, немало позитивно мислење од Правобранителството во Кичево кое е надлежно за Аим Греен Тецх.

Претходно, Министерството за економија побара повлекување на законот за изградба на гасната централа во скопска железара од страна на грчки Митилинеос, но министрите воопшто  не дебатирале за ова ни на последната владина седница. Според министерството спорно е да се дава државна помош на веќе рентабилна компанија. Вицепремиерот за економски прашања,  кој цело време ги брани вели нема што да се дискутира на Влада туку судбината била во рацете на пратениците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста