По големите штети од градот, преспанските овоштари бараат помош од Државата

                По големите штети во Горна Преспа, кога градот минатиот месец направи пустош во овоштарниците на овој крај, сега општинските комисии ќе вршат проценки, а рокот за пријавување на штетите заврши вчера. Овоштарите велат дека помош од државата е неопходна, зашто некои производители на јаболка годинава ќе останат без реколта и не ќе можат да опстанат ако не им се помогне.

  • Во некои атари Штетата е близу сто посто, а во другите 80, 60 % итн. Очекуваме помош за да можат тие овоштари да продолжат со работа и во наредните месеци институциите да изелзат со конкретни резултати- рече Љубе Пампулевски, претседател на Сојузот на овоштарите.

Ресорниот министер за земјоделие Аријаднит Хоџа кој денеска имаше средба со овоштарите во Асамати при одбележувањето Денот на задругарството, вели дека по извршените проценки на штетите, ќе им се помогне на сите оштетени.

  • Очекуваме збирен извештај да се достави до комисијата за штети и нормално, тоа што ќе биде проценето, ние ќе излеземе во пресрет да помогнеме за да се ублажи делот на штетите штѕо се направени од градот- рече минситерот Аријаднит Хоџа.

За заостанатите штети од 2016 и 2018 година, ресорниот министер рече дека и тие процедури се во завршна фаза, меѓутоа незванично помеѓу овоштарите се зборува дека првите проценки од 15 милиони евра за 2018 година, власта сега ги има преполовено и ќе им се исплатат само 7 милиони евра.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста