ПО ДВЕ НЕДЕЛИ СЕ ВРАЌА ЗАБРАНАТА ЗА ПУБЛИКА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Иако во Англија од втори декември се дозволи присуство до 2000 навивачи на трибините, од утре повторно по старо, особено во Лондон. Премиерлигашките натпревари Вест Хем-Кристал Палас, Арсенал-Саутемптон и Фулам-Брајтон ќе се играат без публика. Фанови на трибините во предвиденото 13-то коло ќе има само на дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем на „Енфилд“. Ваквите повратни мерки се должат на зголемениот број заразени од Коронавирусот во главниот град на Англија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста