По блокадата од Бугарија разочарувањето е огромно

Името го сменивме, Григор Прличев од македонски писател стана македонско-бугарски, најголемиот револуционер Делчев на маса за да се одлучува дали бил Бугарин, а датум за почеток на преговори се уште нема. Се откажавме дури и од македонското малцинство во Бугарија, ама се сепак уште сме во чекалницата за Унијата.

Потпишувањето на договорите со соседните Грција и Бугарија, според Владата требаше да ни овозможи чист пат кон ЕУ, но 3ипол години подоцна се чини како многу да изгубивме, а речиси ништо и да не добивме. Дали владата имаше слаба или пак тотално промашена стратегија?

Дел од аналитичарите се погласни, велат џабе го сменивме името, кога сега Бугарија не кочи.

Се направи катастрофална грешка и се отвори Пандорината кутија. Грците и понатаму не нарекуваат Скопје ,а овде се брусат шахти, се преименуваат институции и папагалски се повторува новото име. Сега станавме Северномакедонци и јазикот ни стана северномакедонски, а во ЕУ не влеговме. Бугарија, нормално си чекаше зад аголот…Сега кој ќе сноси одговорност за овој страшен пораз? Дали Уставниот суд ќе најде сили да ја поништи одлуката за промена на името?-пишува Симона Груевска Маџоска – јазичар.

И граѓаните разочарани, велат пребрзо влеговме во авантурата за промена на името без да имаме стратегија што ако некој друг не блокира како сега Бугарија. Велат највеќе ги боли што полека ги губиме националните темели.

Македонските институции дури и предвреме почнаа да реализираат дел од договорите со Бугарија и Грција, иако дел од точките требаше да се имплементираат откако ќе започнеме со преговорите и ќе ги отвориме поглавјата каде се потребни измени.,

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста